2021 / Краток филм
A Summer Place
Alexandra Matheou
26 ноември 2026 · Почеток на вечерната програма во 20:00
Режија · Alexandra Matheou
2021 · 21 мин. · Краток игран филм
Оригинални јазици · грчки, англиски, руски и арапски
Синопсис
Во Лимасол, некогаш мал приморски град на Кипар, кој се преобразил во рај за олигарсите на Медитеранот, летото е постојана состојба на умот. Тина, која работи како стилистка за храна и истовремено е и учесничка и жртва на трансформацијата на градот, се соочува со депресија. На денот на својот роденден, таа е подготвена да се откаже од сè, сè додека една необична средба не ѝ го промени животот.
Трејлер
Отвори на YouTubeЗа режисерката
Александра Матеу е кипарска сценаристка, режисерка и продуцентка, со седиште во Лондон, Кипар и Атина. Дипломирала и магистрирала право на Кралскиот колеџ во Лондон, а магистерска диплома стекнала и по филмски студии на Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL). Нејзините кратки филмови биле прикажани на меѓународно ниво, а во 2018 година била учесничка во програмата „Талентс Сараево“ (Talents Sarajevо). Претходно работела за „Дискавери ченел“ (The Discovery Channel) во Лондон, а во моментов е раководителка на Одделот за развој во продукциската куќа „Топкат-Модијано“ (Topcut-Modiano) со седиште во Атина. Во 2019 година, била поканета да учествува на форумот „Еуро-конекшн“ (Euro-Connection), во рамките на Меѓународниот фестивал на краток филм во Клермон-Феран, со својот претстоен краток филм „A Summer Place“, кој во моментов е во фаза на постпродукција.
Филмска екипа
- Сценарио
- Alexandra Matheou
- Камера
- Yorgos Rahmatoulin
- Монтажа
- Livia Neroutsopoulou
- Звук
- Christos Kyriakoullis
- Улоги
- Mary Mina, Aurora Marion
- Продукција
- This is the Girl Productions, La Cellule Productions, Savvas Stavrou, Soyo Giaoui
- Дистрибуција
- Shortcuts Distribution