Фестивал на грчки филмво Скопје

1953 / Долгометражен филм

Eva

Maria Plyta

Кадар од филмот · Festival de Cannes / Cannes Classics

26 ноември 2026 · Почеток на вечерната програма во 20:00 · По A Summer Place

Режија · Maria Plyta

1953 · Долгометражен филм

Оригинални јазици · грчки

Синопсис

Ева е млада и убава жена, мажена за богатиот Алекос. Последните денови од август ги поминува претежно сама во нивната летна куќа на остров во близина на Атина, бидејќи Алекос поради работните обврски е отсутен во текот на целата седмица. Ева го запознава Антинос и меѓу нив веднаш започнува љубовна афера. Нејзината нескротлива љубовна афера го предизвикува гневот на нејзиниот сопруг и наидува на остра осуда од затворената, конзервативна заедница на островот. Кога „Eva“ премиерно беше прикажан во Грција во 1953 година, беше дочекан како смела мелодрама. Со текот на времето, филмот целосно исчезна од филмската историја, заедно со неговата режисерка Мариа Плита, првата жена режисерка во Грција. Повеќе од седумдесет години подоцна, „Eva“ се враќа како повторно откриено дело на филмскиот модернизам и редок пример на раното женско авторство во повоената европска кинематографија. Гледан од денешна перспектива, „Eva“ се издвојува како едно од најраните дела во грчката кинематографија чиј наратив е во целост посветен на женски лик, а можеби и како прв навистина модерен грчки филм.

Трејлер

За режисерката

Мариа Плита (Тесалоники, 1915 – Атина, 2006), првата грчка жена режисерка, работела неуморно 20 години, режирајќи 17 филма во периодот од 1950 до 1970 година. Како писателка на романи и драмски текстови, Плита ги направила своите први чекори во филмската продукција кон крајот на 1940-тите години, а во 1950 година го остварила своето режисерско деби. Иако главно е отсустна од грчката историографија, Плита спаѓа меѓу режисерите кои придонеле за обликувањето на националната кинематографија на земјата. Нејзиниот четврти филм, „Eva“ (1953), не само што ги преиспитува родовите претстави, туку и го навестува европскиот модернизам. Во мај 2026 година, „Eva“ стана првиот реставриран грчки филм прикажан во рамките на програмата Cannes Classics, како дел од официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал. Филмот е реставриран во 4K резолуција во 2026 година од страна на „World Cinema Project“ (проектот за светска кинематографија) на „The Film Foundation“ и „Cineteca di Bologna“ во лабораторијата „L’Immagine Ritrovata“, во соработка со „Alatas Films“ и Бети Какламаниду, како и во соработка со Кинотеката на Грција („Tainiothiki tis Ellados“).

Филмска екипа

Сценарио
Andreas Lambrinos
Камера
Prodromos Meravidis, Louis Hepp
Сценографија
Yannis Tsarouchis
Музика
Mikis Theodorakis
Улоги
Nina Sgouridou, Manos Katrakis, Dinos Iliopoulos, Aliki Georgouli, Alekos Alexandrakis
Продукција
Kominis Film

Извор за филмот